Дома Фудбал Солскјер го сака Александар Митровиќ во Бешикташ

Солскјер го сака Александар Митровиќ во Бешикташ

Најдобриот стрелец во историјата на српската национална репрезентација, Александар Митровиќ, е трансферна цел на турскиот Бешикташ, јавуваат медиумите од нашиот јужен сосед.

Напаѓачот ја продолжува втората година во саудискиот Ал-Хилал, со кој ја освои титулата минатата сезона, а неговиот договор со актуелниот шампион на Саудиска Арабија истекува во јуни 2026 година и веќе започнаа шпекулации за неговиот статус.

Се тврди дека првата понуда е на масата и тоа од Бешикташ, бидејќи тренерот на истанбулскиот тим Оле Гунар Солскјер сака да го доведе Митровиќ во неговиот тим, како што јавува турскиот портал “Фотомач”.

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, кој ги водеше „црвените ѓаволи“ во периодот од 2019 до 2021 година, е добро запознаен со квалитетите на српскиот ас, бидејќи во времето кога Норвежанецот беше тренер на Јунајтед, Митровиќ беше играч на Фулам.

Искусниот српски напаѓач оваа сезона има 14 голови, а неговиот клуб заостанува четири бода зад лидерот Ал-Итихад. Александар Митровиќ има носено дресот на Србија 98 пати, постигнувајќи вкупно 59 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Сити: Прогласен е за виновен по речиси сите точки за финансискиот фер-плеј!

Како што известува порталот “Атлетик”, Манчестер Сити е прогласен за виновен з…