Дома Фудбал Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата на Лион

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата на Лион

Според информациите од француските медиуми, Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за играчот на Лион, крилниот напаѓач Рајан Черки.

Черки е офанзивен фудбалер, кој успешно го покрива крилото, но исто така може да се истакне и како плејмејкер. Од младите редови на Лион потекнува и се смета за еден од најталентираните млади француски фудбалери.

Поради финансиските потешкотии кои ги има Лион, се очекува Черки да биде ставен на продажба во текот на летото, што предизвикува интерес кај неколку европски фудбалски гиганти.

Манчестер Јунајтед се стреми да ја надмине конкуренцијата и веќе активно работи на договорот за негов трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија загуби дел од својата историја: почина Агрон Мемеди на 45 години

Поранешниот македонски репрезентативец и член на стручниот штаб на Шкендија, Агрон Мемеди,…