Дома Фудбал Голем интерес околу младата ѕвезда на Реал Мадрид

Голем интерес околу младата ѕвезда на Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, повеќе европски клубови сериозно се заинтересирани за играчот од Реал Мадрид, турскиот талент Арда Гулер.

Минатата сезона, како и на Европското првенство, Гулер успеа да го покаже својот потенцијал и да се истакне како еден од најперспективните млади таленти во Европа.

Сепак, поради недоволно добиени шанси во Реал, Гулер размислува за промена на средината, а интересот од европските гиганти е видлив.

„Кралевите“ не се подготвени лесно да се откажат од него, но во летниот трансфер период се очекува да пристигнат бројни понуди од клубови во Премиер лигата, Серија А и Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија загуби дел од својата историја: почина Агрон Мемеди на 45 години

Поранешниот македонски репрезентативец и член на стручниот штаб на Шкендија, Агрон Мемеди,…