Дома Фудбал Фудбалските надежи ремизираа против Словачка

Фудбалските надежи ремизираа против Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра нерешено без победник против соодветната селекција на Словачка во рамките на првата контролна средба помеѓу овие две селекции.

Во Скопје, на тренинг центарот “Петар Милошевски”, во еден интересен и до самиот крај неизвесен натпревар, Македонија и Словачка одиграа 1:1.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


По првите 45 минути, мрежите мируваа. Двете репрезентации имаа свои прилики кои не успеаа да ги реализираат.

Во продолжението, противникот го отвори резултатот во 54. минута. Стрелец на водечкиот погодок беше Павлик. Со гол од пенал во 77. минута, избраниците на селекторот Ерхан Селими го израмнија резултатот. Сигурен од белата точка беше Али.

Македонија: Илоски, Радевски, Ристовски, Аслани, Атанасовски, Стојановски, Љатифи, Андоновски, Киш, Шаркоски;

Втората контролна пресметка, овие две селекции ќе ја одиграат во утре со почеток во 13. часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…