Дома Фудбал Познат е следниот чекор во кариерата на легендарниот Кристијано Роналдо

Познат е следниот чекор во кариерата на легендарниот Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, а сега е познат следниот чекор во неговата исклучително богата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кристијано Роналдо ја започна својата неверојатна фудбалска кариера во родниот Португалија во тимот на Спортинг.

На само 18 години, Сер Алекс Фергусон го доведе во редовите на англискиот гигант – Манчестер Јунајтед, а сè после тоа е историја.

Тој ја „разгоре“ фудбалската сцена во Англија и по шест сезони поминати кај „Црвените ѓаволи“, премина во Реал Мадрид.

Во кралскиот клуб играше најдобар фудбал во кариерата и освои сè што можеше да се освои со Реал Мадрид.

По Реал, имаше епизоди во Јувентус и Манчестер Јунајтед, пред да премине во редовите на Ал-Наср.

Според шпанската „Марка“, Роналдо ќе потпише нов договор со Ал-Наср на две години (1+1), при што втората година од договорот ќе биде негова лична одлука.

Фото: Al Nassr/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…