Дома Фудбал Останато Англичанецот кој успеа во Мадрид: Кејн не е играч за Реал

Англичанецот кој успеа во Мадрид: Кејн не е играч за Реал

steve

Поранешниот ас на „кралевите“ смета дека со доведување на голгетерот на Тотенхем, Реал Мадрид би направил грешка.

Стив Мекманаман е еден од ретките Англичани кои успеале во Реал Мадрид и не само во Реал Мадрид туку надвор од островот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој зборуваше за шпекулациите според кои Хари Кејн се доведува во врска со Реал Мадрид, Мекманаман стравува дека Хари Кејн може да го снајде судбината на Мајкл Оливер.

Се шпекулира дека тој трансфер би можел да изнесува и неверојатни 200 милиони евра.

„Сумите кои денес се споменуваат во фуфбалот не се нормални. Гледам дека се пишува дека Реал мора да плати 200 милиони евра ако сака да го доведе Кејн. Според мене тоа е тотална лудост. Освен тоа мислам дека Кејн треба да остане во Лондон“.

„Таму е среќен, таму е ѕвезда, неговото семејство исто така ужива во Лондон и поради сето ова сметам дека доколку направи трансфер во Реал Мадрид тоа ќе биде грешка. Очекувањата од него би биле огромни бидејќи е толку платен, а сигурен сум дека тој не е играч каков што одговара на Реал. Повеќе би сакал во Мадрид да пристигне млад напаѓач каков што е Мбапе“, изјави Мекманаман.

kane

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…