Дома Фудбал Арсенал следното лето ќе ангажира Шпанец и Французин

Арсенал следното лето ќе ангажира Шпанец и Французин

Француските фудбалери отсекогаш имале значајна улога во историјата на Арсенал, а оваа традиција би требало да продолжи и од следната сезона бидејќи лондонскиот клуб е подготвен да го ангажира искусниот крилен фудбалер на Баерн Минхен, Кингсли Коман, пренесува „Скај спорт“.

Арсенал во моментов е силно заинтересиран за искусниот Французин на кого договорот му истекува дури летото 2027 година, а истиот извор наведува дека Баерн за обештетувањето може да бара 35 милиони фунти, додека оваа сума може значително да се зголеми доколку во трката влезат клубови од Саудиска Арабија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Можноста некогашниот фудбалер на Јувентус и Париз Сен Жермен за прв пат во кариерата да се испроба во Премиер лигата е само една од потенцијалните аквизиции на Арсенал, бидејќи со доаѓањето на новиот спортски директор ќе биде отворено ново поглавје во трансфер политиката на клубот.

Кога станува збор за средниот ред, главната мета е играчот за врска на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, како замена за заминувачките Жоржињо и Томас Парти.

Фотографија: Грок АИ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атомски фудбал во Милано, Интер прави пресврт во две минути (видео)

Баерн Минхен прв поведе на натпреварот на „Сан Сиро“ против Интер, но домаќините за само д…