Дома Фудбал Флик: Не очекува многу тежок натпревар

Флик: Не очекува многу тежок натпревар

Тренерот на Барселона Ханзи Флик покажа претпазливост пред реваншот утре против Борусија Дортмунд од 1/4-финалето на Лигата на шампионите, иако минатата недела каталонците забележаа домашна победа со убедлив резултат од 4:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Иако имаме предност од четири гола, ќе се обидеме да играме на нашето највисоко ниво. Сметам дека во вакви натпревари треба да бидеме многу концентрирани и да играме како што знаеме. Имаме среќа што доаѓаме со аванс, затоа што утрешниот натпревар ќе биде многу тежок. Сакам мојот тим да ужива во тоа што ќе игра против еден од најголемите тимови во Европа. Имаме желба да одиграме добар натпревар и да го повториме нивото од победата со 4:0“.

„Физичката состојба на некои фудбалери? Нема да се уморам да повторувам дека тие се фантастични и секогаш сакаат да играат. Сакам да им ја дадам можноста да бидат на финале. Толку многу натпревари сме одиграле, што не можам да издвојам ниеден од нив. Добри резултати секогаш ме прават задоволен, но ми е тешко да изберам само еден“.

Фото: ФК Барселона

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Земи или остави“: Перез ја изгуби трпеливоста и лично го контактираше Винисиус

Во Реал Мадрид почнуваат да ја губат трпеливоста кога станува збор за продолжувањето на до…