Дома Фудбал Катастрофални бројки: Статистиката на Аморим во Манчестер јунајтед е – ужасна!

Катастрофални бројки: Статистиката на Аморим во Манчестер јунајтед е – ужасна!

Манчестер јунајтед продолжува да тоне и игра една од најлошите сезони и покрај промената на тренерот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рубен Аморим беше дочекан како потенцијален менаџер за цела една ера, но во првата сезона неговите резултати се под сите очекувања.

Во Премиер лигата, Јунајтед со Аморим одигра 21 натпревар и има само ШЕСТ победи, со пет нерешени резултати и дури 10 порази.

Освен тоа, Јунајтед има и негативна гол разлика во ПЛ со Аморим, 26 постигнати и дури 33 примени голови.

На сето тоа треба да се додаде дека Јунајтед е на 14-то место со 38 бодови, а Вест Хем, кој е првиот над линијата, има само три помалку – 35.

Фрапантен е и податокот дека лидерот Ливерпул и најголем ривал има 76 бодови, двојно повеќе од Јунајтед.

Аморим единствено може да се извлече во Лига Европа, иако и таму го очекува тежок предизвик, бидејќи мора да го победи Лион на “Олд Трафорд”, по 2:2 во првиот натпревар.

Португалецот е секако под огромен притисок и прашање е дали ќе може и наредната сезона да го врати Јунајтед таму каде што му припаѓа, посебно ако остане без пласман во Европа, што е повеќе од извесно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го одигра последниот натпревар за Наполи

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку нема да учествува во последните два натпревари на тимот …