
Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, доживеа повреда на задната ложа поради која ќе мора да паузира меѓу две до три недели.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој излезе од игра на победата над Леганес, кога го замени Џерар Мартин, а тестовите покажаа повреда на ложата.
Иако Барселона не прецизира колку ќе мора Балде да паузира, добро информирани извори откриваат дека ќе биде надвор од конкуренција меѓу 15 и 20 дена, така што моментално се мали шансите да биде подготвен за финалето на Кралскиот куп со Реал, кое е закажано за 26 април.
Балде сигурно ќе го пропушти реваншот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, како и натпреварите во лигата со Мајорка и Хетафе, а сосема е извесно дека ќе биде целосно подготвен за првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер или Баерн на 29 или 30 април.
Балде е еден од најстандардните кај Ханси Флик, оваа сезона одигра дури 43 натпревари со учинок од еден гол и дури 10 асистенции.
Фото: Барселона/ФБ