Дел од публиката на стадионот „Ванда Метрополитано“ се нафрли врз фудбалерите на Атлетико Мадрид за време на дуелот против Карабаг во ЛШ синоќа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми покажаа кадри како Антоан Гризман се обидува да го одбрани својот колега Кевин Гамеиро пред фановите.
После едно негово промашување фановите почнаа да го напаѓаат од трибините, а тоа не му се допадна на Гризнам кој реши да го одбрани својот сонародник и влезе во „клинч“ со публиката на стадионот.

Атлетико одигра реми 1:1 против Карабаг и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампиони, па фудбалерите со свирежи беа испратени во соблекувалните.