Дома Фудбал Останато Македонецот Волкановски по спектакуларна борба повторно стана УФЦ-шампион (Видео)

Македонецот Волкановски по спектакуларна борба повторно стана УФЦ-шампион (Видео)

По пет возбудливи рунди исполнети со интензивна акција, Александар Волкановски извојува значајна победа над Диего Лопез и повторно го закачи шампионскиот појас околу својот струк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Судиската одлука беше едногласна во корист на борецот со македонски корени: 48-47, 49-46, 49-46.

Откако Илија Тoпурија реши да премине во повисока категорија, борбата за титулата во перо категоријата остана отворена. Волкановски ја доби шансата да се врати на тронот, а таа прилика не ја пропушти.

Во жестока пресметка со Диего Лопез, покажа зошто важи за еден од најдоминантните борци во својата класа.

Фото: UFC/Instagram

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна сцена: Малку фалеше за трагедија на Тур де Франс (Видео)

Сеп Кус, велосипедист од САД, водеше во завршницата на 20. етапа од Тур д’Франс, наречена …