Дома Фудбал Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Сите детали за новиот договор на Вирџил ван Дајк со Ливерпул се утврдени и документите се одобрени од адвокатите на двете страни, објави трансферскиот експерт Фабрицио Романо. Останува само клубот официјално да ја потврди веста, како што направи вчера и со Мохамед Салах.

Контрактот на холанѓанецот исто така ќе биде на две години – до летото 2027 година. Големото прашање е дали клубот ќе ја објави веста уште овој викенд, или ќе го остави тоа за следната недела.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Така Ливерпул ќе го реши проблемот со двајца од тројцата клучни играчи во составот на Арне Слот, чии договори истекуваа. Единствено Трент Александер-Арнолд за сега изгледа дека ќе си замине летово и ќе премине во Реал Мадрид како слободен агент.

Според новинарот Марио Кортегана раководството на кралскиот клуб уште минатиот месец го информирало Карло Анчелоти дека англискиот репрезентативец е сигурно ново засилување на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Однесувањето на Гарначо по голот на Каиседо предизвика бура во Англија::

Ова лето, Алехандро Гарначо одлучи да го замени дресот на Манчестер Јунајтед со оној на Че…