Дома Фудбал Менaџерот на Њукасл заврши во болница, нема да го води тимот против Јунајтед

Менaџерот на Њукасл заврши во болница, нема да го води тимот против Јунајтед

Менaџерот на Њукасл, Еди Хау, итно беше примен во болница во петокот вечерта откако неколку дена се чувствувал лошо и ќе ја пропушти средбата од 31-то коло на Премиер лигата против Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Медицинскиот персонал постојано го следеше Еди во текот на ноќта за натамошни испитувања кои се уште траат. Тој е свесен и комуницира со своето семејство, додека се работи на тоа да добие помош од медицински стручњаци“, е соопштено од клубот, нагласувајќи дека Њукасл ќе информира за новостите за здравствената состојба на 47-годишникот.

Хау има двајца помошници, Џејсон Тиндал и Грејем Џонс, па целата одговорност во претстојниот период ќе падне на нив. Тиндал се обрати наместо Хау на прес-конференцијата во петокот, па веројатно тој ќе биде номинално пред Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …