Дома Фудбал Ќе жали „Етихад“ за Де Брујн: Белгиецот блескаше во пресвртот на Манчестер сити! (Видео)

Ќе жали „Етихад“ за Де Брујн: Белгиецот блескаше во пресвртот на Манчестер сити! (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити победија на крилјата на Кевин Де Брејне против тимот на Кристал Палас со резултат 5:2.

Иако Палас водеше 2:0, Сити додаде гас и сосема заслужено освои три поени. 

По еден гол постигнаа Де Брејне, Мармуш, Ковачиќ, МекАти и О’Рајли, додека за Палас погодија Езе и Ричардс. Но, главниот мотор беше Де Брејне кој освен голот забележа и асистенција за Ковачиќ за 3:2, а имаше и клучна одложување со глава што претходеше на голот на Мармуш за 2:2, исто така погоди и статива и беше главниот диригент на теренот. 

Сити на овој начин освои важни поени во борбата за Лигата на шампионите, сега е пети со 55 поени, додека Палас е 11-ти со 43. 

Фото: Manchester City/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jaмал може да стане најмлад капитен во историјата на Барселона!

Шпанскиот шампион, тимот на Барселона, денеска објави дека Бразилецот Рафинја ќе ја носи к…