Дома Фудбал Звезда на Милан не обрнува внимание на интересот на Сити и Реал

Звезда на Милан не обрнува внимание на интересот на Сити и Реал

Милан и играчот од средниот ред на тимот Тијани Рајндерс немаат никаква намера да се разделат во текот на летото и покрај интересот на Манчестер Сити и Реал Мадрид кон играчот, пишува „Гадзета дело Спорт“.

Холандскиот репрезентативец е еден од најдобрите фудбалери на „росонерите“ во тековната сезона со своите 14 голови и 3 асистенции во 46 натпревари во сите натпреварувања.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Неверојатниот напредок оваа сезона го привлече вниманието на шампионите на Англија и Шпанија, кои биле подготвени да започнат преговори уште во летото.

Од „граѓаните“ дури испраќале и скаути да ги следат натпреварите на 26-годишниот играч. Но, тој сака да остане во миланскиот гигант, каде што неодамна му се оддолжија со нов договор до 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака напаѓачот на Манчестер Јунајтед

Рубен Аморим одлучи Џошуа Зиркзе ќе добие нова шанса следната сезона, додека Расмус Хојлун…