Дома Останати Кошарка Доминација на Дончиќ во три четвртини. Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс загрижени поради Леброн

Доминација на Дончиќ во три четвртини. Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс загрижени поради Леброн

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги победија Хјустон Рокетс со 140:109 и на еден натпревар пред крајот на основниот дел од НБА сезоната си го осигураа третото место на Запад за плејофот. Тоа ќе им даде предност на домашен терен на почетокот на борбата за шампионскиот прстен. Неизвесно е што следи за Леброн Џејмс кој одигра само 22 минути на синоќешниот натпревар пред да излезе поради повреда на препоните.

Информација за тежината на повредата уште нема, а добра вест за Лејкерс е тоа што Леброн, откако го напушти теренот во третата четвртина, остана на клупата и после натпреварот ја прослави победата на својот тим. Добра вест е и тоа што осигуреното трето место на Запад значи дека Леброн и Лука Дончиќ имаат една недела одмор пред почетокот на најважниот дел од сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лејкерс до победа ги предводеше Дончиќ. Без потреба да игра во последната четвртина, Словенецот беше најдобриот стрелец на натпреварот со 39 кошеви, а додаде и осум скокови и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со…