Дома Фудбал Жесток удар за Модриќ – ќе остане без „десетката“, а веќе е одлучено кој ќе ја носи

Жесток удар за Модриќ – ќе остане без „десетката“, а веќе е одлучено кој ќе ја носи

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, наводно му го понуди легендарниот број на играч кој Кралскиот клуб го следи долго време и се обидува да го купи, што би значело дека го отпишал Лука Модриќ…

Модриќ е носител на „десетката“, но се поставува прашањето дали Хрватот ќе го продолжи договорот кој истекува на лето. Иако засега не може со сигурност да се каже каква е состојбата по тоа прашање, поедини медиуми во Шпанија тврдат дека неговиот број Перез решил да го даде на друг играч.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Наводно, веќе е организиран состанок во Мадрид, а Перез му порача на Зубименди дека ќе го добие бројот 10 ако дојде во Реал Мадрид.

„Кралевите“ ќе мораат финансиски да се потрудат да го потпишат, со оглед на тоа дека неговата откупна клаузула е 60 милиони евра, а Реал Сосиедад нема да ја намали таа сума ниту за цент.

Фото: Real Madrid/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез чукна на вратата на Арсенал, од Лондон му порачаа: „150 милиони евра и можеш да го имаш“

Реал Мадрид наводно е заинтересиран за еден од најдобрите средни играчи во светот, Деклан …