Дома Фудбал Трагедија на Копа Либертадорес, натпреварот прекинат – има загинати (Видео)

Трагедија на Копа Либертадорес, натпреварот прекинат – има загинати (Видео)

Непосредно пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес, во кој играа Коло Коло и Форталеза, две лица ги загубија своите животи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сериозни инциденти се случија во Сантијаго, на стадионот „Монументал“ и има неколку повредени.

Група навивачи се обиде да навлезе до секторот „Кауполикан“, урнаа ограда, ситуацијата брзо ескалираше и настана стампедо.

Полицијата употреби солзавец, а сведоците и првичните извештаи укажуваат дека возило прегазило две лица кои беа заробени под срушената ограда.

Неофицијално, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче.

.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …