Дома Фудбал Снајдер за мајсториите на Рајс: Ќе звучи чудно, ама не се ништо посебно

Снајдер за мајсториите на Рајс: Ќе звучи чудно, ама не се ништо посебно

Деклан Рајс со два гола од слободни удари го порази Реал Мадрид во Лондон (3:0), но во овие удари не виде ништо импресивно некогашниот холандски фудбалер Весли Снајдер.

Додека целиот свет зборува за головите кои Деклан Рајс ги постигна од слободни удари против Реал Мадрид, ѕвездата на Арсенал одби да му се наклони Весли Снајдер.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Холанѓанецот, кој работи како ТВ аналитичар, тврди дека во овие слободни удари нема апсолутно ништо посебно и дека Рајс едноставно ја изведе основата на удирање на топката.

„Тие слободни удари не се толку импресивни“, рече Снајдер и продолжува:

„Можеби ќе звучи чудно, но лесно е така да се ‘искриви’ топката. Само треба да знаеш како да ја удриш“, додаде тој.

Снајдер тврди дека вината е на Тибо Куртоа што не одбранил и што го поставил лошо живиот ѕид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц сака само во Ливерпул, трансферот нема да вклучува размена на играчи

Флориан Вирц сака да игра само во англискиот шампион Ливерпул, ако го напушти Бајер (Левер…