Дома Фудбал Милан се спаси од срам на „Сан Сиро“: Фиорентина остана без победа поради ВАР (Видео)

Милан се спаси од срам на „Сан Сиро“: Фиорентина остана без победа поради ВАР (Видео)

Милан и Фиорентина одиграа возбудливо реми 2-2 на „Сан Сиро“ во дерби-средбата од 31. коло на италијанската Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гостите од Фиренца започнаа неверојатно – по само седум минути игра, „росонерите“ си постигнаа автогол, а шокот за домашните фанови не заврши тука. Само три минути подоцна, Кин беше прецизен и зголеми на 0-2, ставајќи ја Фиорентина во силна предност уште на стартот.

Сепак, Милан не се предаде. Абрахам во 23. минута успеа да намали на 1-2, враќајќи надеж за тимот на Пиоли. Во второто полувреме, Јовиќ беше на вистинското место и со гол во 64. минута израмни на 2-2, враќајќи ја рамнотежата во натпреварот.

Во самата завршница, Фиорентина мислеше дека дојде до победа со трет гол, но по преглед на ВАР-снимката, погодокот беше поништен поради офсајд позиција.

Фото: AC Milan/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…