Дома Фудбал Гвардиола се огласи: Прв коментар на шпанскиот стратег за заминувањето на Де Брујн

Гвардиола се огласи: Прв коментар на шпанскиот стратег за заминувањето на Де Брујн

Денеска беа потврдени најавите дека Кевин Де Брујн ќе го напушти „Етихад“ на крајот од сезоната, а набрзо потоа се огласи и Пеп Гвардиола.

Шпнскиот стратег го даде својот прв коментар по објавата на Белгиецот на социјалните мрежи дека заминува.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Тажен ден, но и среќен ден, поради тоа што лично поминавме долг пат со него и ни пружи многу радосни моменти. Не е потребно да се зборува за неговиот успех во последната деценија, не можам да го замислам истиот без него. Тажен ден е зошто заминува“, изјави Гвардиола.

Гвардиола вели дека Де Брујн ќе недостасува и на комплетниот англиски фудбал.

„Дефинитивно е еден од најголемите фудбалери кои некогаш играле во Англија, нема соменвање дека ќе ни недостасува“, истакна Пеп.

Во редовите на Манчестер сити, Де Брујн пристигна во 2015 година од Волфсбург и за десет години успеа да освои 16 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната …