Дома Фудбал Репрезентации Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домашен терен во рамките на второто коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на С.П. 2027.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На тренинг центарот „Петар Милошевски” двете репрезентации одигра доста возбудлив натпревар со многу пропуштени прилики за гол.

Репрезентација на Летонија одлично го започна натпреварот и рано во 2. минута успеа да поведе. Стрелец на водечкиот погодок беше Миксоне.

Македонија брзо ги стабилизираше своите редови, наметна иницијатива и сосема заслужено во 31. минута од средбата преку Максути успеа да го изедначи резултатот. 

Миксоне во 81. минута уште еднаш се запиша во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 2:1 за Летонија.

На 8. април, женската репрезентација на Македонија на гостински терен ќе игра против Косово во рамките на третото коло од нашата група.

Македонија: Панчурова, Бошеска, Коларовска, Николовска, Меијер, Мустафа, Андонова, Андреевска, Нацева, Максути, Рочи;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …