Дома Останати Кошарка Судиите му го „украдоа“ триумфот на Денвер? Контроверзна одлука за прекршокот во последните моменти (Видео)

Судиите му го „украдоа“ триумфот на Денвер? Контроверзна одлука за прекршокот во последните моменти (Видео)

Екипата на Денвер Нагетс доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс во историската вечер за Никола Јокиќ.

Јокиќ играше нешто повеќе од 52 минути и постигна 61 поен, со 10 скока и 10 асистенции. Тоа е најголемата бројка на поени во трипл-дабл учинок во историјата на лигата, но Нагетс по два продолженија загубија со 140:139.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Малку недостигаше за да победат, но има и такви кои мислат дека судиите им донеле триумф на Тимбервулвс.

Денвер водеше 139:138 на 18 секунди пред крајот, Минесота потоа не го искористи нападот, Вестбрук ја украде топката, но не успеа да поентира, па направи фаул врз Александер-Вокер при шут за три поени. Тој ги уфрли првите две слободни фрлања, третото го промаши и им донесе победа на Минесота.

Сепак, досуден е многу дискутабилен фаул за кој се зборува многу меѓу навивачите и експертите, по што беа доделени три слободни фрлања. Погледнете и пресудете сами дали Расел Вестбрук направи прекршок.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Црвен аларм во Словенија: Соиграч го повреди Дончиќ пред Европското првенство!

Кошаркарската репрезентација на Словенија доживеа четврти пораз во четири подготвителни на…