Дома Фудбал Реал Мадрид огорчен: Како ова не е за црвен картон? (Видео)

Реал Мадрид огорчен: Како ова не е за црвен картон? (Видео)

Спектакуларен реванш натпревар од полуфиналето на Купот на кралот одиграа Реал Мадрид и Реал Сосиедад (4:4) на Бернабеу.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Реал Мадрид помина, неговите играчи, тренерот и навивачите се огорчени од реакцијата на судијата Рохас Алдерола на настанот во 106. минута.

Тогаш, при водство на гостите од 4:3, Џон Андер Оласагасти, играч на Реал Сосиедад, го запре продорот на Винисиус по левото крило со остар старт на нозете на ѕвездата на Реал Мадрид. На ова, сите „кралеви“ скокнаа барајќи исклучување за играчот на гостите. Кога судијата му покажа само жолт картон, сите од страната на Реал на теренот и на трибините полудеа.

„Марка“ вака ја опишува ситуацијата: „Еден од најлошите стартови врз Винисиус во неговата кариера.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана сака да се врати во Ман Јунајтед, верува дека повторно може да биде стартер

Камерунскиот голман Андре Онана планира да се врати во англискиот фудбалски клуб Манчестер…