Дома Останати Кошарка Повредата на Дурант изгледаше страшно: Го чека ли долга пауза? (Видео)

Повредата на Дурант изгледаше страшно: Го чека ли долга пауза? (Видео)

Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант, се здоби со исклучително непријатна повреда на натпреварот против Хјустон Рокетс поради која мораше да го напушти теренот порано од очекуваното.

Дурант во третата четвртина го истегна зглобот и мораше да го напушти теренот, оставајќи ги соиграчите во неповолна ситуација кои не успеаја да постигнат позитивен резултат против Рокетс.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на НБА лигата ќе треба наскоро да се подложи на дополнителни прегледи по кои ќе се утврди степенот на повредата, но работите изгледаат далеку од идеални.

До моментот кога замина од игра, Дурант за речиси 23 минути на теренот постигна 11 поени со седум скокови и една асистенција.

Да додадеме дека Хјустон убедливо го порази Феникс на гостувањето, а конечниот резултат беше 148:109.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ одби договор и предизвика „земјотрес“: Американски новинар откри каде ќе игра Србинот

НБА инсајдер Сем Емик пишува дека Никола Јокиќ останува во Денвер Нагетс. Никола Јокиќ не …