Дома Фудбал Миовски нема да игра против Барселона поради повреда

Миовски нема да игра против Барселона поради повреда

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжи со одлични настапи во дресот на националниот тим, постигнувајќи два гола во воведните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Сепак, по овие блескави партии, тој ќе мора да направи пауза во клупскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот тим Жирона денеска од 16:15 часот ќе се соочи со Барселона на стадионот Монжуик, но ќе биде значително ослабен, бидејќи неколкумина клучни фудбалери, меѓу кои и Миовски, нема да бидат во составот.

Според информациите од клубот, македонскиот напаѓач има повреда на коленото, но сè уште нема конкретни детали дали се работи за посериозен проблем што би можел подолго време да го оддалечи од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал завршува со засилување кое никој во светот не го очекуваше!

Арсенал би можел да направи изненадувачки потег ова лето, бидејќи лондонскиот клуб има на …