Дома Фудбал Постигнат договор: Најскапото засилување на Челзи повеќе нема да биде на платниот список

Постигнат договор: Најскапото засилување на Челзи повеќе нема да биде на платниот список

Борнмут и Челзи речиси сигурно ќе постигнат договор и Кепа Аризабалага ќе биде и официјално откупен.

Како што е познато, Кепа е од минатото лето на заем во Борнмут, а одамна се знае дека Челзи не се сметаат на него. Шпанецот и минатата сезона ја помина на заем, во Реал Мадрид, но таму беше план Б, бидејќи пред него се наметна Андриј Лунин. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кепа, ако сте заборавиле, беше рекордно засилување на голманската позиција, бидејќи Челзи плати за него дури 80 милиони евра во 2018 година. 

Кепа оваа сезона стана стандарден кај Андони Ираола, па затоа е очекувано што Борнмут сака да го откупи.

Шпанецот има 30 години, а бидејќи неговиот договор со Челзи истекува во 2026 година, се очекува Борнмут да го откупи за симболично оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грешка на голманот му ја донесе победата на Арсенал, Манчестер Јунајтед покажа блесоци и стари слабости

Арсенал ја започна новата сезона со тешка победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 в…