Интересна вест пристигнува од Шпанија поврзана за Диего Симеоне и Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми денес лансираа вест дека Диего Симеоне би можел да го напушти Атлетико Мадрид на крајот од сезната после седум успешни години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинецот врвот во овој тим го достигна во 2014 година кога ја освои титулата во шпанското првенство и се пласираше во финалето во Лигата на шампионите во 2014 и 2016, па сега се погласни се шпекулациите за негово заминување.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, главен кандидат да го наследи Симеоне е тренерот на Наполи, Маурицио Сари, кој игра спектакуларен фудбал со Наполитанците.
Вториот кандидат е Антонио Конте, кој игра сличен фудбал како и Симеоне, но познато е дека доколку Италијанецот го напушти Челзи би сакал да се врати во татковината бидејќи сите знаат колку му недостасува Италија.