Дома Останати Кошарка Јокиќ урна неверојатен рекорд и го надмина Лери Бирд (Фото)

Јокиќ урна неверојатен рекорд и го надмина Лери Бирд (Фото)

Најдобриот кошаркар на денешницата Никола Јокиќ со брзи чекори се упатува кон местото каде се најголемите легенди на играта под обрачите, редовно рушејќи рекорди кои ги држат некои од најголемите кошаркари.

Само е прашање на време кога Јокиќ ќе стане сопственик на рекордот по број на трипл-даблoвии, а по натпреварот против Јута го сруши новиот рекорд со кој го надмина легендарниот Лери Бирд.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јокиќ на натпреварот против Јута постигна 27 поени, што му помогна да ја премине јубиларната бројка од 16.000 поени и сега има 16.011. Преминувајќи ја границата од 16.000, а претходно 8.000 скокови и 5.000 асистенции, Јокиќ стана играчот кому тоа најбрзо му тргна од рака во историјата.

На Јокиќ за ова остварување му беа потребни 739 натпревари, додека Бирд, кој беше рекордер до денес, го постигна тоа по 799 натпревари.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Црвен аларм во Словенија: Соиграч го повреди Дончиќ пред Европското првенство!

Кошаркарската репрезентација на Словенија доживеа четврти пораз во четири подготвителни на…