Новак Ѓоковиќ изведе уште еден извонреден натпревар, совладувајќи го Бугаринот Григор Димитров со сетови 2-0, со што се пласира во финалето на тенискиот турнир во Мајами.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мечот траеше малку повеќе од еден час. Во почетокот, Григор имаше одличен старт и направи брејк, но Новак брзо возврати и потоа целосно владееше со играта и резултатот.
Фудбалската легенда Лионел Меси го следеше денешниот натпревар на Ѓоковиќ од трибините во Мајами. Новак во финалето има можност да ја освои својата 100-та АТП титула во кариерата.