Дома Фудбал Ливаковиќ пред потписот на кариерата – се сели во Бундеслигата!?

Ливаковиќ пред потписот на кариерата – се сели во Бундеслигата!?

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ (30) е на излезните врати од Фенербахче, а турските медиуми наведуваат дека одличниот чувар на мрежата може да се пресели во Минхен. За неговите услуги е заинтересиран Баерн.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турските медиуми објавија едно интересно име. Ливаковиќ ќе се пресели во Бундеслигата и тоа на голот на Баерн Минхен.

“Баерн Минхен е подготвен да го доведе Доминик Ливаковиќ на почетокот на новата сезона”, наведуваат турските медиуми со додавање дека Хрватот е одличен оваа сезона.

Оваа вест од Турција засега нема официјална потврда. Сепак, треба да се напомене дека 30-годишниот и претходните месеци беше поврзуван со великанот на германскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го забележавте ли необичниот детал на дресот на Халанд?

Ерлинг Халанд е едно од најголемите откритија на ова Светско првенство, барем кога станува…