Дома Останати Кошарка Јокиќ оди кон нова МПВ-титула, му недостигаат уште 63 асистенции за историја!

Јокиќ оди кон нова МПВ-титула, му недостигаат уште 63 асистенции за историја!

Повредата на левиот зглоб го исфрли Никола Јокиќ од тимот на Денвер дури за пет натпревари и видовме колку се мачат без него, но штом се врати на паркетот веднаш е – друга песна. Во победата над Милвоки (127:117), Јокиќ дојде до триесетиот трипл-дабл оваа сезона со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции, така што му недостига многу малку за да испише историја и би било штета да не се случи тоа по ваква сезона.

Никола Јокиќ „го лови“ трипл-даблот просек во НБА лигата оваа сезона и за да го оствари тоа му треба уште многу малку. Поточно, му недостигаат уште63 асистенции во преостанатите осум натпревари од НБА лигата за да има трипл-дабл просек на крајот од сезоната.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во моментов Никола Јокиќ просечно бележи 29,3 поени, 12,8 скокови и 10,3 асистенции по натпревар и му преостанува уште само да се докаже во асистенциите, каде што му треба да има помалку од осум по натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Tурскиот кошаркар не знаеше каде се наоѓа – погледнете како Дончиќ и Леброн си поигруваа со него (Видео)

Лос Анџелес Лејкерси синоќа ги совладаа Хјустон Рокетс, а домаќините славеа во Крипто.ком …