Дома Фудбал Maнчестер сити не бил секогаш моќен како денес: Еден трансфер го спасил клубот од згаснување!

Maнчестер сити не бил секогаш моќен како денес: Еден трансфер го спасил клубот од згаснување!

Поранешниот англиски репрезентативец Шон Рајт-Филипс откри како Манчестер Сити се спаси од згаснување благодарение на неговата продажба.

Манчестер Сити со богатите сопственици од Обединетите Арапски Емирати стана најдоминантната сила во англискиот фудбал која освои седум од последните осум титули во Премиер лигата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, можеше да биде многу полошо за навивачите на овој клуб доколку не се случеше продажбата на Шон Рајт-Филипс, барем според неговата последна изјава.

Сити не беше отсекогаш богат. Три години пред да премине во рацете на Абу Даби Јунајтед Груп, Манчестер Сити беше јавно тргувана компанија која се котираше на независниот пазар на акции.

Три години пред да премине во арапски раце, Манчестер Сити беше во огромни финансиски проблеми и беше приморан да ги продава играчите за да преживее.

“Тоа лето кога заминав, слушнав дека Арсенал се интересира за мене. Имаше и некои контакти меѓу клубовите, а јас им кажав дека не сакам – бев дете. Не се работеше за тоа да играм во поголем клуб, бев среќен во Манчестер Сити”, објасни Рајт-Филипс во интервју за Ladbrokes.

Наместо Арсенал, се појави Челси и го купи за тогаш големи 32 милиони евра. Со тие пари клубот се спаси од згаснување.

“Му реков на менаџерот дека не сакам да заминам од Сити, но тој ми рече дека всушност немаме избор. Не ми ги објасни деталите”, додава поранешниот англиски репрезентативец.

На крајот, дознал зошто го продале. Челси беше поконкретен и понуди повеќе пари.

“Тогаш Челси само се јави со понуда, Манчестер Сити ја прифати и морав да заминам. Само неколку месеци подоцна дознав дека клубот би згаснал ако не ме продале. Благодарение на таа компензација, опстана и тоа беше причината зошто заминав”, додаде тој.

Райт-Филипс не се наигра во Челси, па по само четири гола и три сезони се врати во Манчестер Сити. Играше уште и за КПР.

За репрезентацијата на Англија одигра 36 натпревари и постигна шест голови, а кариерата ја заврши во 2017 година во американскиот Феникс Рајзинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Мота во Јувентус не доби почит, не се веруваше во неговиот проект“

И во самиот Јувентус, а и навивачите, беа многу возбудени кога беше јасно дека „Старата да…