
Игор Тудор стана тренер на Јувентус откако беше сменет Тиаго Мота. Тој беше отпуштен бидејќи под негово водство, Јувентус во првенството беше само на петтото место, а рано беше елиминиран од Лигата на шампионите и Купот на Италија. Тудор потпиша во неделата, но Јувентус ниту тогаш во службеното соопштение за неговото назначување, ниту во следните денови, не соопшти на колку време е потпишан Тудор.
Сега тоа го откри директорот Кристијано Џунтоли на претставувањето на Тудор во клубот: „Игор беше наш прв избор. Не само поради неговото минато во црно-бело, туку пред сè поради неговите технички, човечки и морални квалитети. Тој ќе остане со нас до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и клупското СП. Потоа ќе седнеме на маса и се надевам дека ќе продолжиме заедно. Тој има важни квалитети за да го продолжи нашиот проект.”
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Да потсетиме, „Газета дело Спорт“ порано објави дека Тудор потпишува за Јувентус само до крајот на сезоната, без клаузула за продолжување на договорот за следната сезона.