Дома Фудбал Ѕвездата на Манчестер Сити заминува од Англија и се сели во Истанбул?

Ѕвездата на Манчестер Сити заминува од Англија и се сели во Истанбул?

Иако на почетокот од овој месец Пеп Гвардиола најавуваше негов нов договор, тоа сѐ уште не се случи, а неговиот актуелен договор истекува ова лето.

Галатасарај повторно почна голема потера по голема европска ѕвезда. Овој пат станува збор за фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Турскиот гигант му пристапи на Гундоган уште минатото лето кога тој од Барселона реши да се врати на Етихад.

Сега изгледа дека тоа беше погрешен потег, и дека Илкај веќе почнал да гледа кон нови опции надвор од Манчестер, а изгледа и од Островот.

Гундоган е голема желба на Галатасарај, а според пишувањето на медиумите, ни германскиот играч за врска нема ништо против заминување во земјата од каде потекнува.

Сепак, освен Галатасарај, Гундоган е и желба на италијански Интер кој би сакал да ја освежи средната линија со едно искусно име.

Овој 34-годишник се наметнува како одлична опција, а дополнително е добро што тој е веќе во репрезентативна пауза, па клубовите не мораат да се грижат кога ќе оди на собир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Беше голема надеж на Англија, а сега може да заврши во затвор?

Во минатото се сметаше за голем талент на Манчестер Јунајтед, а сега го очекува можната за…