
Поранешниот судија на Премиер лигата, Марк Клатенбург, кој судел 291 натпревар во елитниот ранг на англискиот фудбал за време на 13-годишниот период од 2004 до 2017 година, предложи две промени на правилата кои би можеле значајно да го изменат начинот на играње фудбал.
Пред да стане редовен колумнист за Daily Mail и привремено да работи како аналитичар на судењето за Нотингем Форест, Клатенбург важеше за еден од најценетите судии во Англија и пошироко. Свиранката ја остави во 2017 година, а оттогаш гласно го коментира состојбата на судењето во Англија. Неодамна гостуваше во подкастот The Overlap со Пол Сколс и Џејми Карагер, каде што зборуваше за промените кои би сакал да ги види во судењето.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тој истакна дека му се допаѓа идејата за доделување корнер ако голманот ја држи топката подолго од осум секунди, што би го спречило одложувањето и се вклопува во двете правила кои би сакал да ги воведе.
“Фудбалот отсекогаш бил забава, важно е да се има што повеќе активна игра. Кога почнав да судам, во Лигата на шампионите имаше едвај 40-тина минути ефективна игра по натпревар. Замислете, натпреварот трае 90 минути, а топката е во игра само 40-тина минути”, рече Клатенбург.
“Многу би сакал да видам дека судијата наместо доделување жолти картони на играчите кои одолговлекуваат изведување на аут, може да ја промени одлуката и да го додели аутот на противничкиот тим.”