Дома Фудбал Рафаел Варан за првпат откри зошто го напуштил Реал Мадрид

Рафаел Варан за првпат откри зошто го напуштил Реал Мадрид

Рафаел Варан (31), легендарниот француски фудбалер, кој со Франција го освои Светското првенство, најдобрите клупски денови ги помина во Реал Мадрид. За нив играше од 2011 до 2021 година и освои три шпански првенства и четири Лиги на шампиони.

Сега за првпат откри, гостувајќи во емисијата The Bridge Show, зошто замина од Кралскиот клуб. “Тоа всушност беше долг процес. Не е како да се будите едно утро и кажувате дека сакате да заминете. Во 2018 година освоив сè; всушност, тогаш го прославивме нашиот четврти наслов во Лигата на шампиони. Стана обична работа, само размислувавме како ќе ја освоиме следната Лига на шампиони. Наскоро го освоив и Светското првенство и си реков дека направив сè што можев”, започна Варан.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


“Дојде момент во мојот живот кога се преструктурирав, размислив за некои работи во врска со кариерата и си реков дека морам повторно да почувствувам емоции, дека ми треба нешто поинакво. Мадрид е неопислив, извонреден е, но јас тоа веќе го искусив. И си реков, сакам да искусам нешто друго. За мене, Англија, а особено Манчестер, е место каде што чувствуваш страст кон фудбалот, ја чувствуваш, ја живееш секој ден. Сега кога помина извесно време, не жалам бидејќи тоа беше неверојатно искуство”, заклучи Варан.

За Манчестер Јунајтед играше од 2021 до 2024 година. На крајот од кариерата кратко играше за италијански Комо, а кариерата ја започна во Ленс. По повторени проблеми со повреди, неочекувано се пензионира минатата година, со само 30 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната …