Дома Фудбал Контроверзниот поранешен фудбалер на Манчестер сити доби условна затворска казна – ја удрил сопругата со нога во глава!

Контроверзниот поранешен фудбалер на Манчестер сити доби условна затворска казна – ја удрил сопругата со нога во глава!

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Џои Бартон, осуден е на три месеци условна затворска казна за напад врз сопругата. Бартон во јуни 2021 година, во алкохолизирана состојба ја турнал сопругата, која паднала на под, а потоа ја удрил со нога во глава. Таа останала да лежи со оток на главата и крварење од носот.

Сето тоа се случило на куќно дружење со уште два брачни пара, додека децата спиеле на катот. Георгија Бартон потоа ја повикала полицијата и го пријавила сопругот. Бартон во играчката кариера беше познат како грубијан на теренот. Правеше тешки прекршоци и добиваше многу картони, се караше со противниците, соиграчите, тренерите.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Но, токму поради таа своја борбеност создаде врвна кариера. Главно играше во Премиер лигата, а има и еден настап за англиската репрезентација. Освен Манчестер Сити, настапуваше и за Барнли, КПР и Њукасл.

Надвор од Англија настапувал за Марсеј и Глазгов Ренџерс. Се обиде и како тренер. Водеше англиски нисколигаши Флитвуд и Бристол Роверс, во двата клуба помина по две и пол години. Во моментов е без договор од октомври 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…