
“Ќе ги разбиеме на терен, а ако треба, и надвор од него”, порача Рафиња, ѕвездата на Барселона и бразилската репрезентација, пред двобојот со Аргентина во квалификациите за Светското првенство. На крајот, тоа не се случи, бидејќи Аргентина со убедливи 4:1 го совлада Бразил.
Сепак, Аргентинците не пропуштија да им дадат до знаење на Бразилците дека ја слушнале изјавата на Рафиња, со што и онака длабокото ривалство стана уште пожестоко на овој натпревар.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Судијата покажа дури десет жолти картони, а на теренот имаше многу подбивања, па така, на пример, Родриго му рече на Леандро Паредес дека е “ужасен”, а тој му одговори: “Јас имам две Копа Америка и Светско првенство, ти немаш ништо.”
Сѐ кулминираше на крајот од натпреварот, кога Рафиња тргна кон соблекувалната. Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, намерно се удри во Рафиња, а го провоцираше и Паредес.
Рафиња одлучи самиот да се пресмета со нив, но останатите играчи на Бразил reagiraa пред да се дојде до физичка пресметка.
Raphinha leaving the pitch with Argentina players around him. pic.twitter.com/nYMt0hmlPX
— Roy Nemer (@RoyNemer) March 26, 2025