Дома Фудбал Познат е и вториот учесник на Светското првенство (Видео)

Познат е и вториот учесник на Светското првенство (Видео)

Фудбалерите на Нов Зеланд утринава се пласираа на Светското првенство 2026 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалето на квалификациите во зоната Океанија, тие ја совладаа селекцијата на Нова Каледонија во Окланд со резултат 3:0.

Стрелци беа Мајкл Боксал во 62. минута, Коста Барбарусес во 66. минута и Илајџа Џаст во 80. минута.

Нов Зеланд е втората репрезентација која официјално, преку квалификации, се пласираше на Светското првенство, по Јапонија во Азија. Секако, учество на светскиот шампионат имаат обезбедено и трите домаќини на турнирот – САД, Мексико и Канада.

Петти пат по ред Новозеланѓаните ги освојуваат квалификациите во Океанија, а Светското првенство 2026 година ќе им биде трето во историјата, по натпреварите во 1982 година во Шпанија и 2010 година во Јужна Африка.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…