Хрватот Игор Тудор ќе го води Јувентус до крајот на сезонава, а Тиаго Мота денес доби отказ, соопшти италијанскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватскиот тренер денеска пристигна во Торино, и потпиша договор до крајот на сезоната, ако обезбеди место во ЛШ, автоматски важноста ќе продолжи до летото 2026 година.
Тудор на клупата на Старата дама седнува на местото на Тиаго Мота со кого разделбата беше неизбежна после серијата разочарувања и порази. Јуве неочекувано рано испадна од Лигата на шампионите и Купот на Италија, и сега целта им е пласман меѓу четирите најдобри во Серија А.
Тудор се согласи на краткорочен договор и ќе го води Јувентус до крајот на сезоната.