Дома Фудбал Перез го договори Арнолд и веднаш подготви уште едно големо засилување

Перез го договори Арнолд и веднаш подготви уште едно големо засилување

Гигантот чии навивачи ги очекува многу интересно лето е Реал Мадрид, кој би требало да донесе неколку извонредни засилувања.

Моментот на одлука се приближува за овој клуб, но јасно е дека само во текот на следната сезона ќе се види дали направените потези при трансфер периодот биле успешни.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во последно време многу имиња се поврзуваат со Реал Мадрид, а според информациите едно засилување е завршено.

Се работи за десниот бек на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, кој наводно го одбил продолжувањето на договорот со тимот од Енфилд и како слободен играч ќе премине во Реал.

Ова нема да биде единствениот трансфер во Реал Мадрид, затоа што Флорентино Перез следното лето сака да донесе и еден стопер, а многу имиња се спомнуваат во последно време.

Најмногу се спомнувале Ван Дајк, Салиба и Конате, а сега во прв план дојде име кое никој не го очекуваше.

Шпанска „Марка“ тврди дека Флорентино Перез одлучил да го донесе стоперот на Манчестер Сити, Мануел Акани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти ќе го посрамоти Винисиус како никој досега: Бразилецот нема да му прости

Иднината на Нејмар во бразилската репрезентација повторно стана централна тема на дискусии…