Македонија денеска го победи Лихтенштајн со 3:0 во квалфификациите за Светското првенство, а по натпреварот Бојан Миовски откри и дека теренот не бил во најдобра состојба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миовски не го криеше разочарувањето од состојбата на теренот на кој играле денеска.
„Многу сум разочаран од Лихтенштајн затоа што теренот не беше наводнуван и игравме на сув терен, а тоа ни создаваше многу проблеми во првото полувреме. Исто тие така тие излегоа на терен и не сакаа да играат фудба што е многу жално, но ние дојдовме со една цел, а тоа е да освоиме три бода. Можеби победата изгледа рутинска, меѓутоа беше тешко да се игра, добро е што рано постигнавме гол, исто така и вториот гол дојде во вистински момент. Овие три бода се одлични за старт на квалификациите“.
Испрати благодарност и до публиката, но и порача дека се надева на уште поголема бројка во Скопје.
Благодорност и до публиката што дојде во голем број. Се чувствуваме како да играме дома, се надевам ќе дојдат и во Скопје да не поддржат биддејќи ќе ни бидат потребни во комплетните 90 минути“,
Натпреварот против Велс е закажан за во вторник во терминот од 20:45 часот.