Се приближува крајот на лигашкиот дел од Евролигата, а шпанскиот “Ел Корео” откри колкави ќе бидат наградите за учесниците на крајот од тековната натпреварувачка година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Евролигата ќе го распореди наградниот фонд од 8.8 милиони евра од 1-во до 14-то место. Според написите, освојувачот ќе добие 1.7 милиони евра (1.769.953). Ова е сума која во Европа одговара на платата на еден добар играч. За споредба, сите најплатени играчи оваа сезона до 14-то место по плата, имаат над 2.000.000 евра.
Второто место е околу милион евра (1.002.973), а третото 884.977 евра.
Наградата за 14-то место е 176.995 евра, а последниот тим кој ќе се пласира во плеј-ин (10-то место) ќе заработи 412.990 евра. За директен пласман во плеј-оф, шестиот тим ќе добие 648.983 евра.
“Ел Корео” додава дека најголемиот дел од наградата претставува таканаречениот „пазарен базен“, чии податоци се строго чувана тајна на Евролигата и се пресметуваат врз основа на значењето на секој клуб во натпреварувањето.
Шпанскиот весник ги спореди наградите со ФИБА Лигата на шампионите, која доделува 600.000 евра на шампионот и распределува 40.000 евра меѓу 32 учесници, наградувајќи секоја победа во Топ 16 фазата и четвртфиналето со 7.500 евра.
Наградниот фонд на Евролигата
- место – 1.769.953 евра
- место – 1.002.973 евра
- место – 884.977 евра
- место – 766.980 евра
- место – 707.981 евра
- место – 648.983 евра
- место – 589.985 евра
- место – 530.986 евра
- место – 471.784 евра
- место – 412.990 евра
- место – 353.990 евра
- место – 294.992 евра
- место – 235.993 евра
- место – 176.995 евра