Дома Фудбал Реал се насочува кон дефанзивец од Премиер лига

Реал се насочува кон дефанзивец од Премиер лига

Дефанзивецот на Борнмут Дин Хујсен, кој оваа недела за прв пат беше повикан во репрезентацијата на Шпанија, станува една од летните приоритети на Реал Мадрид.

„Белите“ сакаат да ангажираат нов централен одбранбен играч, а досега се зборуваше дека големите цели за оваа позиција се Ибрахима Конате од Ливерпул и Вилијам Салиба од Арсенал. Меѓутоа, последните двајца би чинеле доста скапо и „белите“ би требало да платат за нив над 70 милиони фунти, ако воопшто такви трансфери би биле можни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


19-годишниот Хујсен сè уште нема многу искуство, но се претставува импресивно во Премиер лига по трансферот во Борнмут. Англиските медиуми тврдат дека во неговиот договор има ослободителна клаузула во износ од 50 милиони фунти.

Карло Анчелоти втора сезона по ред има сериозни проблеми во центарот на одбраната поради долгорошни повреди. Оваа сезона Антонио Рудигер и Давид Алаба пропуштија значаен број натпревари, а Едер Милитао е надвор до крајот на сезоната. Раул Асенсио ја искористи оваа ситуација, но инвестицијата во Хујсен изгледа доста разумна на долг рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…