Дома Фудбал Мората за Милан: Кога не се чувствувате добро, носите погрешни одлуки

Мората за Милан: Кога не се чувствувате добро, носите погрешни одлуки

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората рече дека жали што минатото лето го напушти Атлетико Мадрид и премина во Милан, откривајќи дека лични проблеми го довеле до погрешна одлука.

Мората минатото лето премина од Атлетико во Милан, за кој одигра 16 натпревари во лигашкото првенство и постигна пет гола, а во јануари премина на позајмица во Галатасарај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој рече дека одлучил да го напушти Атлетико по голем број повици од тогашниот тренер на италијанскиот клуб Пауло Фонсека, поради кои се чувствувал почитуван, а замина откако клубот го довел Сантијаго Хименес, кој повеќе се вклопувал во тактиката на тренерот.

„Фонсека ме повикуваше секој ден. Не требаше да го напуштам Атлетико, но не се чувствував добро, а кога не се чувствувате добро, донесувате погрешни одлуки во секој аспект на животот. Тренерот на Милан ме повикуваше секојдневно, ми беше потребно да се чувствувам сакан и ценет. Мораше брзо да одлучам, а не разбрав дека и Симеоне се грижи за мене и ме цени. Ако можам да го вратам времето, никогаш не би го напуштил Атлетико, но не можете да ја промените минатото, а сега сум многу среќен, рече Мората за „Кадена Сер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо го откри планот за Мудрик по потврдата дека се враќа во Челси

Хаби Алонсо откри дека Михајло Мудрик ќе им се придружи на своите соиграчи од Челси по уки…