
Минатата недела во светскиот фудбал видовме контроверзија за која и денес се зборува. Пеналот на Хулијан Алварез, кој беше поништен, директно влијаеше на елиминацијата на Атлетико Мадрид од градскиот ривал Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Дали Аргентинецот ја допре топката двапати? Сите жалби на Атлетико ги потисна Унијата на европските фудбалски асоцијации, која ја знаеме како УЕФА, со видео-снимка каде што, како што велат, “се гледа дека Алварез имал два контакта со топката пред таа да заврши во мрежата”.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Аголот на камерата што УЕФА го претстави на јавноста во својата одбрана никогаш не беше виден во жив пренос и така само ги зголемија сомнежите дека е манипулирано со снимката.
Експертот за видео уредување Алекс Солер се сомнева дека УЕФА користела одредени алатки за да ја сокрие вистината. Тој напомена дека сенката што се појавува на топката исчезнува пред контактот.
“Како што играчот се приближува, се гледа сенка на тревата во одредени делови, но не и на топката. Тоа е ретко. Во првиот фрејм постојат некои сенки на топката, а во вториот, откако Хулијан се помести и пред да шутира, сенката е идентична на првиот фрејм. Со светлото на стадионот и промена на сенките при секое движење, е сомнително што во тие моменти таа не се поместува,” рече Солер.
Тој напомена дека е модифициран патот на топката.
“Ова е една од најсложените работи што треба да се направат веродостојни. Преместувањето на играчот и топката, наместо да се користи правилната патека, која би била повеќе кон десно, тие го направиле тоа дигитално и ја избрале онаа која им се чинела правдоподобна, тогаш секој фрејм на топката би се поместувал.
A imagem usada pelo VAR para anular a cobrança de Álvarez.pic.twitter.com/5Bkhe86mVe
— Леонардо Бертози (@lbertozzi) 13 март, 2025