Дома Фудбал Првиот активен фудбалер кој се изјасни како геј: И денес добивам смртни закани

Првиот активен фудбалер кој се изјасни како геј: И денес добивам смртни закани

Џош Кавало во октомври 2021 година стана првиот активен професионален фудбалер што се изјасни како хомосексуалец. Играчот на австралискиот Аделаида Јунајтед сега во интервју за подкастот на FIFPro проговори за предизвиците со кои се соочува како хомосексуалец во фудбалскиот свет.

“Сè уште на дневна основа добивам повеќе смртни закани. Во фудбалскиот свет не е лесно да се биде отворено геј. Не секој може да се справи со тоа и да продолжи нормално да игра и да живее. Многу сме далеку од прифаќање во оваа област. Јавното признавање носи внимание, притисок и негативност која ќе влијае на играта”, рече Кавало, кој и за време на натпреварите се соочува со хомофобични извици:

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


“Бев уморен од криење и неизживување во автентичноста. Се прашував зошто никој пред мене во фудбалот тоа не го направил. Сега со оддалеченост ми е јасно зошто. Постојат многу негативности и лоши работи со кои треба да се бориш.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ќе се засили со бек од Холандија!?

Фудбалскиот клуб Барселона сака да ја зголеми конкуренцијата на Жил Кунде, а новата цел е …