Дома Фудбал Легендата на Атлетико Мадрид има тренерска кариера како од соништата – веднаш почна да освојува титули!

Легендата на Атлетико Мадрид има тренерска кариера како од соништата – веднаш почна да освојува титули!

Многу фудбалери откако ќе ја завршат играчката кариера, решаваат да започнат и тренерска кариера, но ретки се оние што можат да се пофалат со почеток каков што има поранешниот репрезентативец на Бразил, Филипе Луис (39).

Филипе Луис ги обеси копачките во јануари 2024 година, а веднаш започна да работи како тренер во младинските селекции на Фламенго, а во септември го презеде водството на главниот тим.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Неверојатно, но во последните шест месеци Луис со овој бразилски клуб освои дури три трофеи, а би требало добро да се прерови по архивата за да се најде ваков успех на еден млад стратег.

Да биде уште поимпресивно, Луис со Фламенго загуби само еден натпревар од 26 што ги водеше од клупата на овој тим, а на дури 17 натпревари овој тим не прими гол! Тие моментално се во серија од 24 натпревари без пораз.

Оваа недела Фламенго го освои Campeonato Carioca, познато натпреварување како шампионатот на Рио де Жанеиро, а во финалето во двомеч беше подобар од Флуминензе.

Во првиот натпревар Фламенго славеше со 2:1 со голови на Весли Франка и Жунињо, а во реваншот пред домашните навивачи ја одбрани таа предност и беше 0:0.

Претходно, Луис од клупата го водеше Фламенго до титулата во Суперкупот на Бразил, каде што екипата го совлада Ботафого со 3:1, а стрелци беа Бруно Енрике (двапати) и Луис Арауџо.

Тоа беше во февруари, а во ноември минатата година, само два месеца по преземањето на тренерската позиција, Луис го одведе Фламенго до титулата во Купот на Бразил, во финалето со вкупни 4:1 победувајќи го Атлетико Минеро.

Нова сезона во Бразил започнува на крајот од овој месец, а нема сомнение дека Луис сега ќе се обиде да му донесе на Фламенго и титулата на државниот првак.

За екипата што ја води Луис играат многу познати имиња, како поранешните бекови на Јувентус, Данило и Алекс Сандро, Герсон, кој играше за Рома и Марсеј, Ерик Пулгар кој играше за Фиорентина и Галатасарај, како и Гиермо Варела, поранешен член на Манчестер Јунајтед.

Луис е најмногу познат од времето кога го носеше дресот на Атлетико Мадрид, а играше и за Челси, Ајакс и Депортиво Ла Коруња. За репрезентацијата на Бразил Луис забележа 44 настапи.

Со Атлетико беше шампион на Шпанија, а со Челси шампион на Англија. И со двата клуба ги освојуваше и куповите на овие земји, а со „Јорганџиите“ беше освојувач на УЕФА Суперкупот, и тоа два пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе се смири со Дешамп, но не е задоволен: Има желба за негов наследник и тоа не го крие!

Капитенот на француската репрезентација Килијан Мбапе се врати во националниот тим по шест…